"Сопругата ме изневеруваше со 10 мажи ѝ и простував, но еден ден само заминав„: Две години потоа кога ја сретнал не можел да поверува на она што го гледа

Дека животот може да не доведе во навистина непредвидени и чудни околности, сведочиме секој ден. Доволно е да ги погледнеме животите на луѓето околу нас и да сфатиме дека понекогаш тие се поимагинативни и понеобични од филмoвите, а тоа особено се однесува на меѓучовечките односи и романтичните врски.

Еден Американец во весникот „Њујорк пост“ неодамна и се доверил на нивната колумнистка Аби за неговата непријатна ситуација со поранешната партнерка, барајќи искрен совет.

"Мојата сопруга и јас се венчавме пред 21 година. Таа призна дека за време на бракот ме изневерувала со 10 различни мажи. Секој пат кога ќе останам со неа, се надевав дека ќе се промени. Конечно ја оставив пред три и пол години , затоа што не можев повеќе да издржам.Сега е бездомник, но последнава година ипол живее со мене и ќерка ми, бидејќи еден ден ја видов на улица и изгледаше страшно. Сега се селиме, а ќерка ми сака мајка и да најде работа (таа е способна за тоа). Меѓутоа, таа одбива и не сака да ни помогне да ги платиме сметките. Сега сум соочен со следната дилема: Да ја пуштам пак или да се борам да остане со нас? Мојата ќерка е против таа да го продолжи животот со нас. Приходите ми се ограничени бидејќи имам лоша здравствена состојба. Јас имам 58 години, а таа 43 години. Што да направам?“, праша овој човек.

„Кога заврши бракот, заврши и вашата одговорност за неа“

Набрзо доби одговор:

 „Твојата ќерка е во право. Ти си со лоша здравствена состојба и со ограничени приходи, а поранешната сопруга е работоспособна. Откако ќе се исели, твоите трошоци ќе бидат помали. Никаде не спомна дали се уште ја сакаш оваа жена, која е паразит или дали се променила. Штом заврши бракот, заврши и вашата одговорност за неа. Охрабрете ја да побара засолниште од роднините или пријателите или однесете ја во засолниште за бездомници. Не треба само да ја пуштите, туку да најдете сила да инсистирате на тоа“.

Што мислите за оваа ситуација и што би го советувале овој човек?

Фото:freepik