Сопругата на португалскиот голман ги советуваше португалските играчи да мастурбираат пред секој натпревар

Сопругата на португалскиот фудбалер Руи Патрисио која е секс терапевтот го советуваше португалскиот тим да мастурбираат пред натпреварите на Светското првенство за да ги подобрат перформансите...

Патрисио првично се ожени со Џоана Переира во 2011 година, по седум години врска, но парот се разведе на Божиќ истата година. Сепак, триесет и четиригодишниот голман на Рома продолжи понатаму и уште еднаш стапна на лудиот камен со сексологот Вера Риберио.

Риберио, која веќе има син и ќерка од бракот со Патрисио, ја сподели својата мудрост од светот на сексуалната терапија најпрвин со фудбалерите на Португалија пред Светското првенство во Русија во 2018 година. Поубавата половина на Патрисио веруваше дека „мала забава на пријателот“ пред секој натпревар ќе има огромна корист за Роналдо и неговите соиграчи во нивната кампања таа година.

Зборувајќи за португалската телевизија, оваа дама рече: „На фудбалерите не треба да им се забранува секс пред натпреварите, но во исто време знаеме дека тие се рутински отсечени од нивните семејства и ставени во карантин. Не можеме да ги поврземе спортските перформанси со изгледот на сексот“.

Риберио, исто така, ја отфрли идејата дека апстиненцијата пред спортски настани е позитивна за спортистите. 34-годишната бомба, која има диплома по психологија и магистер по сексологија, инсистира дека ништо позитивно не може да дојде од овој пристап, како што истакна во нејзината книга „Прирачник за заведување“ од 2018 година.

Дали португалците се одлучија да мастурбираат пред секој натпревар на Светското првенство во Катар? Можеби во тоа е и инивната сила...