Сперма од лосос за Дара Бубамара на настап во Хрватска: „Најдоброто нешто што некогаш сум го добила“
Пејачката Дара Бубамара настапи во загребската Арена каде од обожавател доби интересен и оригинален подарок.
Тоа е ништо помалку од сперма од див норвешки лосос во крионска епрувета, која се користи за козметичка длабока интензивна репарација.
Пејачката била воодушевена од овој скап и пред се уникатен подарок.
„Порано добивав рози, чоколади и мечиња, но ова е најдоброто и најкреативното нешто што некој ми го подарил“, изјавила Дара Бубамара.
Бубамара откри и дека после секој настап добива многу пораки од посилниот пол.
„Искрено, отсекогаш сум привлекувала голем број мажи и тоа не ме чуди, очигледно се должи на мојата харизма, а не на градите“, на шега изјави Дара и најави нов албум за почетокот на следната година.
Инаку, Дара настапи во загрепската Арена во рамките на забавата „Кафанско вече“ со многу други пејачи од Србија.
Фото: ИнстаграмИзвор: B92.net