„Спомени, спомени, в душа здомени...“: Вака изгледаа Игор Џамбазов и Каролина пред 15 години

Сите ние често сакаме да се присетуваме на некои спомени. Убави мигови, настани, забави. Среќни или пак тажни мигови кои оставиле некаква трага во нашите животи.

Тие честопати не враќаат во убави времиња, а еден таков убав спомен е овој.

На фотографијата заедно Игор Џамбазов е пејачката Каролина Гочева, а двајцата тогаш беа дел од Златна бубамара на попуарноста. Сликата е од 2007 година.


"Спомени, спомени, в душа здомени..."

Со @karolinagocheva ...некогаш, некаде... напиша Џамбазов на Инстаграм споделувајќи ја фотографијата погоре.

Каролина тогаш ја доби наградата за албум на годината.

Дел од таа Златна Бубамара беше и Тоше Проески - ја доби наградата Пејач на годината.