Србија во канџите на коронавирусот, слично како кај нас: 359 новозаболени

И соседна Србија се бори со голем процент на новозаразени од коронавирус. Па така, во последните 24 часа се тестирани се 8.349 лица, а од нив 359 се позитивни, додека десет починале.

Вкупниот број заразени до коронавирус во Србија изнесува 21.253, активни се 6.623 случаи, од кои 4.772 се во болница.

На респиратор се 190 пациенти.

Според д-р Горан Стевановиќ, првиот човек на Инфективната клиника во Белград, речиси третина од прегледание пациенти последните денови се за болничко лекување.

Но, министерот за здравство Златибор Лончар, вели дека во Белград има доволно место за нови пациенти, па дури и до главниот гра да се препраќаат во Шабац.