Среќник: Ископал бунар и пронашол САФИР во вредност од близу 100 милиони долари (ВИДЕО)
Властите во Шри Ланка
соопштија дека најголемиот кластер на сафири во светот е пронајден во дворот на
трговец со драгоцени камења - случајно во кал
Трговец со скапоцени камења рече дека каменот бил пронајден од работници кои копале бунар во неговиот двор во областа Ратнапура богата со скапоцени камења. Се проценува дека вредноста на бледо синиот сафир е околу 100 милиони долари.
Кластерот, односно џиновска грутка сафир, тежи околу 510 килограми, или околу 2,5 милиони карати, и веќе е наречен „Serendipity sapphire“ (Случајно пронајден сафир).
„Лицето кое го ископа бунарот не информираше дека нашле ретки камења. Потоа наидовме на овој примерок“, рекол сопственикот на каменот за Би -Би -Си, кој од безбедносни причини не сакал да го открие своето име или каде точно живее.
Наводно, сопственикот го нашол кластерот пред една година и ги известил службениците за тоа, но му биле потребни многу месеци да го исчисти со експерти и да го претстави на светот.
За време на процесот на чистење, некои скапоцени камења беа од кластерот и беше утврдено дека станува збор за висококвалитетни ѕвездени сафири, изјави сопственикот на сафирот.
Шри Ланка е водечки извозник на сафири и други скапоцени камења. Земјата минатата година заработи околу половина милијарда долари со извоз на скапоцени камења, исечени дијаманти и накит, но загуби и многу поради пандемијата, па се надеваат дека новото откритие ќе привлече купувачи и експерти.
„Никогаш не сум видел толку голем примерок. Овој веројатно е формиран пред околу 400 милиони години“, вели гемологот д -р Гамини Зојса.
Експертите предупредуваат дека иако станува збор за примерок од 2,5 милиони карати, тоа не мора да значи дека секој камен во него е со висок квалитет.
Фото и Видео: Youtube