Старецот Илија објасни: Еве зошто никако не смеете да чукнете во дрво три пати

Се нагласува дека на овој начин се покажува беда и неверување
Во паганските времиња, дрвјата биле дел од религиозните обичаи, се верувало дека духовите живеат во дрвјата. Додека чукање на дрво значело дека тие ги повикуваат токму тие духови на помош.
Ова било пренесено и во христијанството, па поединци веруваат дека чукањето на дрво ја повикува Христовата заштита, бидејќи тоа е симбол на крстот на кој бил распнат.
Сепак, старецот Илија Ноздрин смета дека овој ритуал е само одраз на слабост на човечката вера. Тој нагласува дека на овој начин се покажува беда и неверување.
„Тоа што Бог не го дозволува никогаш нема да се случи. И мислиме дека можеме да избегнеме нешто лошо ако тропнеме на масата и речеме: „Пу, пу, не слушај зло“. Ова ја разоткрива нашата грешност, нашето неверување, нашета беда .
„Ние веруваме во случајноста, не во Божјата Промисла, ние веруваме во судбината, не во Семоќниот Бог, во чии раце е благосостојбата или не, не само на одредени луѓе, туку и судбината на цел свет“, истакна Илија.