Забава // Занимливости
Светлечката комета ќе ја видиме и ние: Ќе помине покрај земјата со голема брзина
- 11 Јули, 2020
Наречена Неовајс или Ц/2020 Ф3, ова е третата комета откриена годинава и првпат била снимена од рускиот космонаут Иван Вагнер на 27 март, кој ја видел од Меѓународната вселенска станица.
Иако е 400 пати помала од Месечината, таа не мора да се набљудува со телескоп или двоглед благодарение на својот голем сјај, што ја прави еден од ретките вселенски феномени во овој век. Научниците тврдат дека кометата е долга пет километри. Кометата ќе дојде најблиску до Земјата на 23 јули, кога сѐ уште ќе биде оддалечена 103 милиони километри.
„Кометата ќе може да се види од Земјата во текот на јули. Нејзиното јадро е обложено со честички кои настанале во нашиот Сончев систем пред 4,6 милијарди години“, соопшти НАСА.
Со голо око во раните утрински часови ќе може да се види и на небото над Македонија.