Светски шампион во заварување: Запознајте ја Јелена, девојката која има машка професија

Дали сте знаеле дека светскиот шампион во заварување е девојка? Да, да, токму така. Јелена Ачимовиќ доаѓа од Србија и има неверојатен талент. Како мала сакала да биде фризерка, но како што одминувало времето работите се промениле. Сега таа има типична машка професија.

Еднакво женствено се чувствува кога има облечено фустан, нашминкана и со високи потпетици, како и кога ја носи униформата за на работа.

Нејзиниот талент не останал незабележан, а таа била на повеќе натпревари. Најзнаен успех и е првото место на светското првенство во заварување. Иако репрезентацијата на Србија тогаш го заземала третото место, оваа девојка се издвоила како најдобра.

Целата приказна за оваа млада и талентирана девојка, може да ја погледнете во видеото во продолжение.