СЗО предупредува: Коронавирусот не е под контрола, ситуацијата се влошува
КОВИД-19 не е под контрола во голем дел од светот и ситуацијата всушност се влошува, рече шефот на Светската здравствена организација (СЗО).
Тедрос Аданом Габриезус рече дека вкупниот број на случаи на коронавирус во светот е двојно зголемен во последните шест недели и дека во најтешко погодените земји - САД, Бразил и Индија, нема знаци на забавување на ширењето на ковид-19.
„Вирусотги сврте наопаку здравствените системи во некои од најбогатите земји во светот, додека некои посиромашни земји ефикасно реагираат на коронавирусот“, рече Гебризесус на состанокот на земјите-членки за проценка на пандемијата, пишува Скај њуз .
„Ситуацијата се влошува“
„Знаеме дека жариштата можат да бидат ставени под контрола само кога земјите преземаат сеопфатен пристап кон основните мерки на јавно здравје, како што се следење на случаи и контакти, изолација, тестирање и третман. Но, во поголемиот дел од светот, вирусот е надвор од контрола и ситуацијата се влошува“, предупреди тој.
„Досега, повеќе од 11,8 милиони случаи на ковид-19 се пријавени во СЗО, изгубени се околу 544.000 животи. И пандемијата сè уште се шири пребрзо“, рече шефот на Светската здравствена организација.
Тешка состојба во САД, Индија и Бразил
Додека многу земји се плашат од можноста за втор бран, САД, Индија и Бразил сè уште се борат со првиот. Најпогодената земја е Соединетите Држави, каде што повеќе од три милиони луѓе се заразени со коронавирусот, а 131.000 починаа.
Има скоро 60.000 нови случаи на ковид-19 на ден, во САД, скоро 45 000 во Бразил и околу 25 000 во Индија.
Ова предупредување на СЗО е алармантно според многу научници и треба да се дејствува под итно!
Извор: Индекс.хр