Таа е една од последните преживеани од берлинскиот бункер на Хитлер каде тој ги поминал последните денови

фото: CHRISTOF STACHE / AFP / PROFIMEDIA

Пред смртта, Брунхилда Помсел раскажа колку била важна за Гебелс и како избегала од берлинскиот бункер на Хитлер.

Брунхилда Помсел беше лична секретарка и стенограф на нацистичкиот министер за пропаганда Јозеф Гебелс за време на Втората светска војна и една од преживеаните од берлинскиот бункер на Хитлер каде тој ги помина последните денови.

Гебелс и веруваше на Брунхилда, па таа стана негова лична секретарка во 1942 година,  до 1945 година. Брунхилда Помсел своите зборови ги препишала во работни документи, писма, белешки и дневник ...

Брунхилда Помсел дури седела во близина на првиот ред, веднаш зад сопругата на шефот, за време на еден од најпознатите говори на Гебелс, на Спортпаласт во Берлин во 1943 година, откако Русите ги победија нацистите во близина на Сталинград.

„Ниту еден актер не би можел да се трансформира од цивилизирана сериозна личност во развратен човек“, изјави Помсел еднаш за „Гардијан“ за Гебелс. „Имаше некаква племенска елеганција во канцеларијата, а потоа одеднаш го гледате надвор како бесно џуџе - едноставно не можете да замислите поголем контраст.“

Во тој говор од 1943 година, Гебелс повика на „тотална војна“ и алудираше на Холокаустот. Сепак, Помсел подоцна изјави дека не знаела за геноцидот кој веќе бил во тек, во времето кога работела за Гебелс.

Но, едно е сигурно: Помсел ја виде бруталноста на нацистите. Дури и една од еврејските пријателки на Помсел, Ева Ловентал, исчезна од рацете на нацистите.

„Целата земја беше маѓепсана“, изјави Помсел за Њујорк Тајмс. „Можам да кажам дека не ме интересираше политика, но вистината е дека идеализмот лесно можеше да ве наведе да го скршите вратот.

Во последните денови од војната, Помсел била во берлински бункер во кој повремено биле сместени нацисти, вклучително и Гебелс и Хитлер, каде и двајцата извршиле самоубиство. Брунхилда Помсел рече дека вработените во бункерот поставиле џиновско бело знаме заедно со вреќи со храна во знак на предавање на Русите.

Кога дошке Русите, Помсел призна дека работела во Министерството за пропаганда и затоа поминала пет години во руски затворски логори во близина на Берлин. По ослободувањето, таа работеше во радио, никогаш не се омажи и остатокот од своите години го помина во Минхен.

Брунхилда Помсел, почина на 27 јануари 2017 година во својот дом во Минхен на 106-годишна возраст.

извор:nationalgeographic.rs