Татко што умира снимил видео порака за својата ќерка: „Господ ќе биде таткото кога ќе умрам“
Ник Мањоти му подлегна на ракот на слепо црево по две години храбра борба со болеста. Пред смртта, таткото снимил видео порака за својата ќерка.
Пред девет години зад себе ги остави сопругата Алиса и деветмесечната ќерка Остин. Неговото земно патување на верата заврши на 7 јануари 2014 година.
Пред да умре, се погрижил неговата ќерка да знае каков бил нејзиниот татко.
Три месеци пред неговата смрт, Ник снимил видео во кое зборува за својата вера во Бог и за љубовта кон својата ќерка.
„Односот што го имав со Бог и колку го познавав. Посакувам секој да го доживее она што јас го доживеав. Се чувствувам толку благословен“, вели Ник во своето видео. „Се чувствувам среќен што дури и преку искуството на страдање можам да влијаам врз животите на другите, што во името на Бога можам да им помогнам на другите.
Во неговото видео, кое е прегледано повеќе од милион пати, тој сведочи за својата вера во Бог и изразува благодарност за се‘ што Бог му дал. Во продолжение погледнете ја неговата моќна порака.
„Не се плашам од смртта“
„Може да се каже дека христијанинот не се плаши од смртта затоа што знае дека оди на подобро место. Но, човечки е да се плашиш. Но, знам зошто не се плашам. Тоа е затоа што го добив тој мир и благослов од Бога“.
Ник зборува и за тоа колку му било тешко кога пред неколку години ја добил веста дека има рак.
„Алиса и јас седнавме на каучот и плачевме. И тогаш решивме дека ќе се справиме со тоа чудовиште и ќе го зграбиме за гуша“.
Меѓутоа, ракот набрзо почнал агресивно да се шири и Ник решил да ја прекине терапијата и да го живее секој преостанат ден во потполност. Тој бил мотивиран да го стори тоа од желбата да помине што повеќе време со својата ќерка. Во видеото тој објаснува како се надева дека ќе го памети кога ќе го нема.
„Таа е моето мало топче за среќа и многу ја сакам. Друга причина зошто го снимам ова видео е да ѝ кажам дека нејзиниот татко го сака Господ и сака да им помага на луѓето“, раскажува Ник. Знаејќи дека му останало многу малку време, Ник Мањоти уживал во малите нешта во животот.
„Секој ден живеам со благодарност за тој ден. Не се грижам што ќе донесе утре. Се чувствувам благословено затоа што го живеам сонот на секој маж – поминувајќи го секој ден со луѓето што ги сакам“.
Овој Божји слуга многу години уживал во блискост со Господ во Неговото царство. Со нетрпение очекуваме да се сретнеме со него еден ден.
Фото и Видео: Youtube
Извор: новиживот