„Те молам прости ми“: Канје ѝ се извини на Ким Кардашијан

Не стивнуваат реакциите по скандалот наречен Канје- Кардашијан. Откако кандидатот за претседател на Америка, Канје Вест, сопругот на старлетата Ким Кардашијан имаше неколку испади во јавноста, навредувајќи ја јавно сопругата, а при што таа му врати дека е психички растроен и дека има биполарно однесување, сега раперот ѝ се извини:

„Би сакал да ѝ се извинам на мојата жена Ким што излегов јавно со нешто што е приватна работа. Не ја покрив како што таа ме покрива мене. Ким, сакам да кажам дека знам дека те повредив. Те молам прости ми. Ти благодарам што секогаш беше покрај мене“, напиша Канје.