Тлото се тресе- доаѓа земјотрес- Како телефоните можат да ни помогнат во предвидувањето ЗЕМЈОТРЕСИ: Со брзината на светлината против брзината на тресењето на земјата!

Како може да се предвиди земјотрес со андроид технологија, а со тоа да се спасат човечките животи на луѓето

Сведоци сме на тресење на тлото и честа појава на земјотреси. Во некои климатски подрачја, тие се уште почести, бидејќи почвата е подложна на овој вид активност или има вулкани во близина.

Стотици милиони луѓе живеат во такви региони на планетата, каде стравот од земјотреси е присутен секој ден.

Покрај основните принципи на заштита во таква ситуација, каде што се советува да се застане на средина на рамката на вратата или под масата, големо НЕ е да се истрча по скалите, а особено да не се влегува во лифт, додека тресењето не престане. Исто така, раното предупредување може да им помогне на луѓето да се подготват за земјотрес. Сепак, јавната инфраструктура за откривање и предупредување земјотреси е скапа за изградба и имплементација. Затоа, постои можност за користење на Андроид системот за навремено давање веродостојни информации поврзани со земјотресот. Исто така, има предупредување на неколку секунди пред самиот земјотрес, за да можат луѓето да се подготват и да ги информираат своите најблиски, за да се засолнат и да се обезбедат.

Системот ShakeAlert, развиен од водечки сеизмолози во Калифорнија, користи сигнали од повеќе од 700 сеизмометри инсталирани низ Америка, според Универзитетот во Беркли и Калифорнискиот институт за технологија.

Неколку секунди предупредување може да направи огромна разлика во тоа што ќе ви даде време да се спуштите, да обезбедите стабилност над главата и телото и да се подготвите ментално да издржите пред да се појават потресите.

Инсталирањето мрежа на сеизмометри на теренот, како што беше направено во Калифорнија, можеби не е изводливо во сите области од светот со висок ризик. Но, користењето на платформата Андроид може да помогне во откривањето. Вашиот Android телефон може да биде дел од Андроид системот за предупредување за земјотреси, каде и да живеете во светот. Ова значи дека вашиот телефон може да биде „мини сеизмометар“, споен со милиони други андроиди, формирајќи ја најголемата мрежа за откривање земјотрес.

Сите паметни телефони доаѓаат со акцелерометри, кои можат да ги почувствуваат сигналите што укажуваат дека ќе се случи земјотрес. Ако телефонот детектира нешто што изгледа како можен земјотрес, тој испраќа сигнал до серверот за откривање, заедно со локацијата каде што ќе се случи земјотресот. Серверот потоа ги комбинира информациите со многу други телефони за да утврди дали се случува земјотрес. Всушност, на овој начин се тркаме со брзината на светлината (која во основа е брзината со која се движат телефонските сигнали), со брзината на земјотресот.

Среќа што брзината на светлината е многу поголема!

извор:magazin.novosti