Трет случај во светот: Италијанец по претрпен мозочен удар зборуваше со словенски акцент
Тој се
опорави откако пред три години претрпе мозочен удар во десната хемисфера на
мозокот
Италијанец по претрпен мозочен удар зборуваше со
словенски акцент, иако никогаш не престојувал во земјите од областа на
словенското говорно подрачје, ова е првиот ваков случај документиран во
Италија, јавуваат италијанските медиуми.
Тој се опорави откако претрпе мозочен удар во
десната хемисфера на мозокот пред три години, а според порталот today.it, тој нема когнитивен дефицит, но зборува
со странски акцент.
Тоа е прв случај во Италија, а трет во светот што
се однесува на мозочен удар во десната хемисфера на мозокот.
За овој случај на 50-годишниот Италијанец кој
зборуваше со странски акцент по претрпен мозочен удар, тим на научници
предводени од Константинос Прифтис од Универзитетот во Падова објави студија,
пренесуваат медиуните во Италија.
Како што е наведено, анализата покажала дека
„повредата на мозокот предизвикала промена на местото и начинот на артикулација
на некои самогласки кај пациентот, што довело до перцепција на странски
акцент“.
Во научната литература се опишани 115 случаи на
„синдром на странски акцент“, а од 1800 година до денес само тројца пациенти
претрпеле мозочен удар во десната хемисфера на мозокот и го развиле тој
синдром, пренесува италијанскиот Скај Тг24.
Извор: telegraf.rs
Фото: Pixabay
Само-лекувањето со парацетамол го става во опасност црниот дроб