Турското кафе е клучот за долг живот
Добар пример
е Икарија, грчки остров што Њујорк Тајмс го нарече „островот каде луѓето забораваат да
умрат“, заради долговечноста на нејзините жители, пренесува Медиајшн Дејли.
Само 0,1 проценти од Европејците живеат подолго од 90 години, додека во Икарија десет пати повеќе луѓе влегуваат во 100-тата деценија. Не само што живеат толку долго, тие се исто така се многу активни и витални во староста.
Група лекари од атинската медицинска школа се обиделе да утврдат каква улога игра турскотокафе во животот на луѓето во Икарија. Тие ја испитале врската помеѓу внесот на кафе и ендотелијалната функција што ги поставува крвните садови.
Ендотелната состојба е под влијание на стареење и навики на живот, како што е пушењето. Новата студија покажува дека умерено консумирање турско кафе може да ја подобри ендотелијалната состојба и да го намали ризикот од срцеви заболувања. Ова е причината зошто научниците мислат дека жителите на грчкиот остров Икарија живеат толку долго.
По истражувањето резултатите покажале дека 87 проценти од анкетираните пиеле турско кафе секој ден. Откриено е дека овие луѓе имаат подобра функција на ендотелија отколку оние кои пијат други видови кафе. Дури и кај луѓе со висок притисок, функцијата на ендотелот е подобра.
Научниците тврдат дека турското кафе, кое е богато со антиоксиданти и полифеноли и содржи умерено количество кофеин, има повеќе позитивен ефект врз здравјето отколку другите видови кафе.
Тие мислат дека причината е што турското кафе задржува повеќе здрави состојки заради начинот на готвење. Поточно, зовриената вода може да извлече повеќе добри состојки од кафето, отколку што може инаку да се извлечат со други методи за складирање и подготвување на кафе.
Сепак, научниците предупредуваат дека треба да се направат повеќе истражувања за да се потврди позитивното влијание на пиењето турско кафе врз здравјето на луѓето.
Жителите од Икари сепак јадат здрави намирници затоа што се ориентирани кон Медитеранот, а тоа е сигурно еден од клучните фактори за нивната долговечност.