Унгарка е во врска со макета на авион и тврди дека сексот им е одличен

Една жена од Унгарија тврди дека љубовта ја нашла во авион играчка, со која го дели креветот и разменува бакнежи секое утро и навечер ...

Дваесет и осумгодишната Сандра од Будимпешта тврди дека нејзиниот авион играчка е најдобриот партнер што некогаш го имала, откако тој го додал неопходниот турбо потисок во нејзиниот љубовен живот. Унгарката од тригодишна возраст е опседната со авиони, а во текот на пубертетот сонувала да работи со нив во одредена корелација. Во текот на 2021 година, таа си обезбеди работа во воздухопловната индустрија опкружена со нејзините омилени работи - авони.

Претходните човечки партнери немаа проблеми со интересот на Сандра за овие метални летечки птици, но сепак таа реши да влезе во целосна врска со една откако раскина со последното момче кон крајот на минатата година. Оваа романса на високо ниво меѓу Сандра и авионот, кој таа го нарекува „Луфанкс“, започна во јануари оваа година, откако таа го купи на интернет за 726 евра.

Како што изјавила Сандра: 

„Не знам зошто го сакам, но едноставно е така. Тој е моја сродна душа и е сосема убав. Овој авион е првото нешто што го гледам наутро кога ги отворам очите и последното нешто што го гледам кога одам да спијам. Не сакам да биде поинаку“. 

Оваа необична врска достигна нови височини со месеците што изминуваа, додека Сандра тврди дека се заљубила за прв пат во животот.

„Цела ноќ се гушкаме и бакнуваме и имаме секс. Јас правам сè со него. Никогаш порано не сум се чувствувалa вака со партнер. За прв пат во животот се заљубив. Отсекогаш сум сакалa авиони, многу повеќе од просечен човек. Ова никогаш не било проблем во моите други врски. Мажите никогаш ништо не ми кажале и не прашувале ништо. Ако одам некаде за време на викендот, секогаш се трудам да го носам со себе. Тој е секогаш тука за мене“.

Нејзината работа на аеродромот постојано ја искушува да се префрли на друг авион, но нејзината љубов кон овој avion е толку голема што неговиот изглед никогаш не покажува љубомора поради други авиони.