Уште еден пример со кој го покори машкиот пол: Киану Ривс им ја исполни желбата на младенците

Еден британски пар доби изненадување на денот на нивната венчавка кога Киану Ривс се појави како гостин на приемот.

57-годишниот актер се појави на свадбата на Џејмс и Ники Роуднајт во понеделникот во хотелот „Фосли Хол“ во Нортхемптоншир, набргу откако тие рекоа „ДА“.

Ники за Newsweek изјави:

„Мојот сопруг го виде актерот во барот и му рече дека штотуку се оженил и го покани Киану да се поздрави и да наздрави со нас ако сака. Тој беше многу пријателски расположен и рече дека ќе го направи тоа подоцна. Не знаевме дали ќе сака или не, но беше кул што мојот сопруг разговараше со него! 

Еден час откако сопругот ја дал понудата, член на персоналот во хотелот и пришол на невестата за да ја извести дека надвор е „многу посебен гостин“ и сакал да разговара со неа.

Ники на Твитер ги сподели фотографиите кои парот ги направи со актерот.

И  додаде:

„Сето тоа беше многу возбудливо и отидов да се поздравам и да се претставам, и му понудив пијалок, но тој го одби тоа и рече дека штотуку имал долг лет и дека не може да остане долго, но тој беше толку љубезен и пријателски настроен и ни честиташе за нашата свадба. 

Тој беше доволно љубезен да направи неколку фотографии и нашиот свадбен фотограф можеше да сними неколку! Потоа одвои време да разговара со некои од нашите гости и да направи повеќе фотографии.


Фото: Твитер/ MrsNRoadnight

Извор: 9gag