Ужас или спас: Што велат пророштвата на Нострадамус за оваа година?

Иако во шифри, неговите пророштва беа дешифрирани, но се уште има многу нешта кои остануваат неразјаснети.

Книгата за пророштва на јасновидецот Нострадамус редовно се објавува секоја година. Оние што ги читале неговите списи, меѓу редови велат дека францускиот пророк можел да предвиди многу од клучните историски моменти на човештвото. Гледајќи ја модерната историја велат тие, погодил за доаѓањето на власт на Хитлер во Германија, но и за нападот на исламските екстремисти во Светскиот трговски центар во Њујорк.

Па, што предвидува Нострадамус за оваа година? Ако му се верува, 2019 година нема да биде подобра од претходната. Покрај тоа, Нострадамус предвиде дека Третата светска војна ќе започне токму оваа година и ќе трае повеќе од 30 години.

Нострадамус напишал: Она што нè чека во 2019 година не би го посакал ниту на најлошиот непријател. 

Нуклеаен армагедон

Ако навистина се случи ова, веројатно е дека дури и самиот Нострадамус не би можел да претпостави дека од почетокот на Третата светска војна, за само неколку минути, големи делови од земјината топка би се претвориле во нуклеарна пустелија. Што ќе се случи следните 30 години?

Како да не е доволно од овој застрашувачки нуклеарн армагедон, Нострадамус предвидува повеќе проблеми за Европа. Така, континентот треба да биде погоден од разорни поплави, додека Северна Америка ќе биде погодена од земјотрес.

Јасно е дека се очекува натамошен раст на тероризмот и религиозниот екстремизам на Блискиот исток. Во паузата помеѓу лансирањето нуклеарни ракети, светските лидери треба да се обединат за борба против климатските промени. Научниците исто така ќе бидат вредни, и би требало треба да измислат лек кој ќе ни овозможи да живееме дури 200 години.

Исто така, треба да се запомни дека оние што ги читаат предвидувањата на Нострадамус, тврдеа дека пропаста на светот ќе биде во 1999 година. Од тоа, се разбира, немаше ништо.