Вака дефинитивно изгледа среќата: Снимка од брачен пар од Босна е нешто најубаво што сте го виделе досега

„Ова е најубавото нешто што сум го видел, искрена љубов и искрена смеа“

Годините се само бројка, треба да бидете среќни и да уживате во нив. Вистински доказ е оваа двојка од Босна, која не заборавила да го живее животот по сопствени стандарди. Имено, веќе средовечни брачни партнери решиле да се сетат на каква магија е тоа кога ќе падне првиот снег.

Нивната детска радост и смеа ги разгали сите што го погледнаа нивното видео на социјалните мрежи. Па така некои коментираа дека е погрешна насока да се бара со кого да остариш за заеднички живот.

„Тајната е да најдеш некој со кого ќе останеш дете“; „Затоа што сакам луѓе кои знаат да се смеат и да се радуваат на мали нешта“, „Ова е најубавото нешто што сум го видел, искрена љубов и искрена смеа“.