Вакцината на ФАЈЗЕР е одлична вест, но...: Откриени се 6 клучни непознати нешта

Многу прашања, но и многу одговори...

Откако Фајзер изјави дека има вакцина против коронавирусот што е ефикасна во над 90 проценти од случаите, надежите дека крајот на пандемијата е близу се зголеми значително, иако многу важни карактеристики сè уште не беа познати.

Pfizer и BioNTek ни открија процент на ефикасност на вакцината и врз која технологија се базира, но нема премногу детали од самото истражување.

Колку е безбедна вакцината?

Двете компании соопштија дека досега не се појавиле сериозни безбедносни закани и несакани ефекти, но дека тие ќе продолжат да собираат податоци. Несаканите ефекти што ги забележале досега се болка во рацете и треска, што е вообичаен несакан ефект на вакцинација воопшто.

Со оглед на тоа што станува збор за целосно нов вид вакцина која користи технологија наречена mRNA, која досега не е одобрена за употреба кај луѓето, не е невозможно некој да е алергичен на неговата компонента.

Дали вакцината може да спречи сериозна здравствена слика кај пациенти со ковид?

Информациите за влијанието на вакцината кај заразените со коронавирус не се целосно достапни. Претходно беше кажано дека вакцината може да го запре влошувањето на клиничката слика кај симптоматските инфекции, а кога станува збор за асимптоматски, потребно е повеќе истражување.

Дали вакцината спречува ширење на инфекцијата?

Ова е едно од непознатите нешта. Според она што претходно го кажаа двете компании, вакцината не не‘ штити од инфекција, но не‘ штити од појава на симптоми и тешка клиничка слика.

Дали е ефикасна и за децата и за постарите лица?

Децата постари од 12 години и возрасните до 85 години беа вклучени во студијата, и се покаќало дека е ефикасна. Но, повеќето вакцини не дејствуваат исто кај постарите и помладите луѓе, што не е изненадувачки со оглед на тоа што постарите луѓе немаат ефикасен имунолошки одговор.

Зошто вакцината не успеа на преостанатите дестина проценти?

Тешко е да се каже зошто вакцината не делувала на некои пациенти ако не знаеме точно кои се тие, а Pfizer и BioNtek не ги објавиле ниту тие податоци за неефикасни случаи. Не мора да значи дека тие 10 проценти се постари или некоја друга група. Вакцината едноставно може да работи девет од 10 пати.

Колку трае заштитата

Стапка на ефикасност од скоро 95 проценти е пресметана седум дена по втората доза. За да бидат појасни многу информации, и на нас и на научниците од компаниите им беше кажано дека треба да почекаат уште некое време додека се заразат другите луѓе кои примиле вакцина.