Вашиот паричник ќе биде ПОЛН! Утре на полна месечина
Месечината
има најсилно влијание кога е во фаза, односно кога е млада или полна.
Бројни верувања се врзани за полната месечина и нејзината моќ. Неколку од нив, наводно, можат да ве збогатат.
Полната месечина претставува астролошка опозиција на сонцето и месечината, односно периодот кога Месечината прима најголема светлина од сонцето. Потоа, можете да ја видите Месечината како светнува на ноќното небо во полн раскош.
Оваа светлина е чиста енергија.
Ритуал со камен
Земете мал камен и наутро измијте го со силен млаз вода. Оставете го малку нека се исуши на сончева светлина. Кога на небото ќе се појави полна месечина, земете го во рацете и насочете го кон месечината. Во едната рака држете го каменот, а во другата метална пара од 1, 2 или 5 денари. Спојте ги и покажете ги на месечината. Треба да го изговорите следново:
Како каменот што е силен, силна нека биде врската помеѓу него и парата. Колку камења што има, толку пари да имам.
Ова повторте го три пати.
Потоа каменот оставете го некаде највисоко во домот.
Ритуал со тегла
Потребно ви е лист хартија, пенкало, тегла со капак, седум метални пари и ловоров лист.
Напишете на хартијата колку пари ви требаат и ставете ја хартијата во теглата, а потоа земете ги металните пари во десната рака и внимателно спуштите ги една по една во теглата.
Откако ќе ги ставите парите во тегла, мора да замислите како се зголемува сумата на парите и да кажете: „Златници сјаат, златници ѕвонат, ги има сè повеќе и повеќе во моите раце! Златници добивам од сите страни, дури и од таму од кај што не ги чекам. Моето богатство се зголемува, парите постојано растат "
Напишете го вашето име на ловоровиот лист и ставете го во истата тегла, која потоа ќе ја покриете и ставите подалеку од очите на семејството.
Исто така, неопходно е да ставите една или две банкноти во тегла следниот ден, замислувајќи дека парите доаѓаат од целосно неочекувани извори.
Кога ќе ја добиете количината што ја сакате, извадете ја хартијата и закопајте ја.
Ритуал со банкнота
Подигнете ја раката со банкнота и мавтајте со неа неколку секунди или минута (според чувството) кон Месечината додека концентрирано визуелизирате и чувствувате дека парите ви се зголемуваат. Потоа ставете ја банкнотата во вашиот паричник за да „ја поминете ноќта“. Следниот ден потрошете ја!