Вдовицата на Коби Брајант во посета на Хрватска со семејството: Причината ќе ве трогне

Вдовицата на Коби Брајант, легендарниот кошаркар кој загина во хеликоптерска несреќа со својата ќерка Џиана, Ванеса летува во Дубровник со своите три ќерки и пријателката Кат Гасол, сопруга на кошаркарот Пау Гасол, кој бара во Токио Олимписко злато со Шпанците.

Интересна е и причината за посета на хрватскиот град. Имено, Ванеса на својот Инстаграм профил откри дека причина за доаѓањето во Дубровник е светски познатата серија "Game of Thrones"  која е снимена на брегот на Дубровник и во која еден од најпознатите хрватски градови го претставува т.н. "King's Landing".

- Ги однесов децата да го посетат "King's Landing" -  напиша Ванеса на Инстаграм и откри интересна приказна за нејзината ќерка Наталија:

- Коби и дозволи на Наталија да оди на патување во Хрватска со нејзиното одделение во средно училиште, но тој беше откажан поради коронавирус. На крајот на краиштата,јас се потрудив Наталија да ја посети. Пребаво е.

View this post on Instagram

A post shared by Vanessa Bryant  (@vanessabryant)



FOTO: INSTAGRAM