ВЕЛИГДЕН под клуч: Коронавирусот не штеди никого, ама опоменува
Цела Македонија во карантин, целосен полициски час кој трае со денови, а посебно за најголемиот Христијански празник за прв пат во историјата верниците не можат да го прослават во црква. И во сите градови е така, секој дома, изолирани сите, празникот го празнуваме тивко, но достоинствено. И, токму во вакви моменти ги учиме најголемите лекции! Не дека не сме ги знаеле, ама не сме им придавале важност!
Од тераса или од двор палиме свеќи за здравје и слава на Бог,
најверојатно и сите со една надеж за подобро утре! Коронавирусот така силно не‘
„тренса„ од земја што и тоа како разниша се‘ во нас и околу нас. И со сета
неговa невидлива сила постојано не‘ опоменува, еве веќе со месеци... И природата
не‘ опомена! Таа може без нас, ние без неа не!
И љубовта и надежта и хуманоста и свеста опоменаа!!! Човекот не е така силен како што се мислеше, со сета таа технологија, иновации, пари... Но, човекот, заедно сите, можеме да успееме... И да гледаме како се раѓа новот ден, но не од дома, туку на некоја полјана, море езеро, планина... како некогаш...
Н.Т.
Фото: ФАКТОР