(ВИДЕО) Инфлуенсери потрошија 130.000 долари за да го откријат полот на своето бебе на Бурџ Калифа
Инфлуенсерска
двојка Анас и Асала Марва платиле неверојатни 130.000 долари за да го објават полот
на нивното неродено бебе на Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот.
Сите, се разбира, снимаа и објавуваа на Јутјуб, а снимката е прегледана повеќе од 15 милиони пати за само два дена. Во моментот кога на највисоката зграда во светот се појави сина боја и натпис „Тоа е момче“, родителите не можеа да ја сокријат својата еуфорија, а особено еуфоричниот Анас, кој ја држеше ќерката Мила, која за малку ќе паднеше од рацете.
Сите присутни веднаш им честитаа на идните родители на момчето, но реакциите на социјалните мрежи не се исти. Многумина ја осудуваат двојката за потегот што потрошиле огромна сума пари.
"Ова е одвратно, зошто сето ова? Но, барем тие не го предизвикаа пожарот", се дел од коментарите на Интернет, повикувајќи се на неодамнешната забава за откривање на полов на деца која предизвика пожар во Калифорнија.
Анас и Асала се познати инфлуенсери од Дубаи. Таа има 2,6 милиони следбеници, а тој 2,5 милиони следбеници. Дури и нивната ќерка Мила има профил на Инстаграм.
Видео: Инстаграм
Moжеби ќе ве интересира:
Кралот на домашните задачи: Како син на банкар во карантин собра милиони со 18+ страница
Инфлуенсери од минатото: Личности кои имаа вистинско влијание