Забава // Занимливости
(ВИДЕО) Криеле дрога во мртвечки ковчези: Полицијата пронајде 300 килограми „трева“
- 29 Август, 2019
Неверојано досетливи, но полицијата ги фати.
Колумбиската полиција заплени 300 килограми канабис во мртвечки ковчези во областа Сантандер.
Извршила претрес во мртовечницата и во возилото за мртовци во кое имало два ковчези со дрога.
Останале во шок кога наместо мртвовец, пронашле дрога.
Дрогата била скриена во пакети, а полицијата ја запленила дрогата и го уапсила возачот.
Патем, Колумбија беше една од најголемите извозници на марихуана пред неколку години, но локалните картели за наркотици се свртеа кон производство на кокаин, што во моментов е еден од најголемите проблеми во земјата.