(ВИДЕО) Мечки користи како дегустатори а пред тоа краделе мед од него

Неговата „мана“ ја претворил во заработка . . .

Ибрахим Седеф е производител на мед од Турција кој имал многу непроспиени ноќи затоа што мечки ги уништувале неговите кошници со пчели и мед. Ибрахим најпрво се обидел да се спаси од гладните мечки така што ќе стави заштита околу медот и пчелните кошници, но тоа не помогнало и покрај загубата на медот, претрпувал и голема материјална штета.

Потоа, Ибрахим со денови гледал во камерите кои го снимале моментот на уништување на пчелните кошници и на медот, сакал да осознае повеќе или да забележи нешто со што би се заштитил од мечките, нешто што ќе му помогне да се бори против нив, но наместо одбрана од нив, добил одлична идеја. Наместо да се обиде да им спречи да консумираат мед, тој  поставил неколку примероци со табли и ги претворил „своите непријатели“ во дегустатори.

Производителот на мед од Турција го сподели видеото во кое мечки дегустираат мед и на тој начин доби бесплатна реклама. Имено, се покажа дека мечките имаат многу скап вкус, па најмногу уживаат во медот Анзер, кој чини до илјада денари за килограм.