(ВИДЕО) Само за најхрабрите: Неверојатна масажа со змии
Самата помисла на змија, кај многу од нас предизвикува непријатност..
Ако можете да го
поднесете ладното чувство на змија врз себе, тогаш имаме совршена прилика за
вас, која ќе ви помогне да го подмладите своето тело и ум. Ако не знаете за што
зборуваме, станува збор за масажа со змии, односно тренд кој се повеќе расте и
добрива многубројни следбеници.
Моментално достапен во „Wholeness Center“ во Њујорк, трендот со змијската масажа е всушност она што го замислувате. Сесијата која трае цели 60 минути се заснова на змии кои шетаат по вашето тело, додека вие мирно лежите и уживате во чувството кое ви го овозможуваат. Посветениот персонал цело време ве придружува, внимавајќи на змиите да не превземат некој погрешен чекор. Покрај тоа, змиите кои се користат за масажа се секогаш добро нбахранети и здрави.
Сепак, како што размислуваат змиите со својата глава, тие никогаш не ги тераат да работат или да ве масираат. Тие всушност уживаат во топлината на човечкото тело и многу повеќе уживаат во овј процес за разлика од лицето кое се масира.
Змиите ги стимулираат вашите нерви, односно предизвикуваат ослободување на ендорфин и окситоцин, така што потполно ќе се ослободите од стресот за време на масажата. Доколку ве интересира ваковиот необичен спа третман може да го добиете во Њујорк.