Туристите на Скијатос покрај убавите плажи имаат и друга необична туристичка атракција.
Голем дел од нив стојат и чекат да слета некој авион на аеродромот во Скијатос, бидејќи буквално како да им слетува над глава.
Туристите големи и мали, наоружени со камери, телефони, фотоапарати, стојат пред аеродормот и чекаат некој авион да слета да можат да направат убави фотографии, но и да го почувствуваат и тоа чувство, слетувањето на авион од близу.
Оваа несекојдневна туристичка атракција минатата година оддува момче 10 метра, но за среќа момчeто помина само со мали повреди.