(ВИДЕО) Совршена илустрација зошто мажите живеат пократко од жените
Жените насекаде низ светот во просек живеат подолго од мажите. Сепак, тоа не беше секогаш така. Во 19 век, тие биле повеќе подложни на болести, а многу од нив умреле за време на породувањето. Со напредокот на медицината во последните сто и педесет години работите се променија, така што сега мажите се тие што живеат пократко, пред се заради нивниот ризичен животен стил.
Пушат, пијат, се дрогираат повеќе, но, исто така, ги ризикуваат своите животи со тоа што се занимаваат со поопасни активности. Кога ќе го кажеме ова, мислиме не само на работа во рудникот и градежништвото, кои, се разбира, имаат одредена цел, туку и екстремни спортови, бокс и други активности што служат единствено за да ја покажат бестрашноста на мажите.
Предноста на мажите за ризично однесување е јасно вродена. Вие не верувате во тоа? Ви предлагаме да го гледате следново вирално видео во кое две момчиња се удираат со поклопец за ѓубре исклучиво заради забава и им се чини дека апсолутно не се грижат за ризикот од лична повреда за време на оваа игра.