(ВИДЕО) Вакво нешто се уште не сте виделе: Не се знае кој е бестрашен, а се заради една банана

Необичниот настап го изведоа двајца љубители на екстремни спортови над Португалија.

Додека Даниел Осио седеше во мал жолт авион, до него се приближи во одело за летање Пар Сафстром. Кога Осио ја отвори вратата и се симна, Сафстром му пријде и му подари банана.


Додека висеше наопаку со падобран на грб, Даниел извади банана од раката на Пар пред да се врати во авионот. Откако ја изеде ужината, Даниел скокна од авионот за да слета со падобран, пренесува Дејли Меил.

„Бев гладен и морав да јадам банана“, изјави тој подоцна пред новинарите.

Како што рече, ова беше нивна прва изведба од ваков вид и тие први го изведоа обидот.

„Имавме одлично време и ги воодушевувавме луѓето. Успеавме да го направиме ова од првиот обид “, рече тој.

Сепак, иако обајцата се искусни спортисти, работите би можеле да тргнат наопаку.