(ВИДЕО) Влезе во нуклеарен реактор во Чернобил-остатоци од едно време
Станува збор за место со радијација која оставила последици во градот.
Ѕвездата на “Инстаграм“, Нил Ансел, со прекар „Напуштен
истражувач“ кој истражува напуштени
места, одлучи да го снима својот последен проект во Чернобил.
За време на неговата посета на остатоците од нуклеарната централа, тој направи многу видеа и фотографии, но најде нешто многу вознемирувачко.
Нил влегол во една од водените кули што биле користени за ладење на реакторот. Потоа во реакторот број пет, еден од реакторите што никогаш не бил користен.
Една од најстрашните работи што го нашол таму беше коски расфрлани на подот. Меѓу нив била и маска за гас, што може да доведе до заклучок дека станува збор за човечки остатоци.
Како и да е, тој сепак откри дека станува збор за остатоци од животно.
„Не знам на кое животно може да припаѓаат коските. Без оглед на тоа, имаше огромни коски. Ова е навистина чудно место за да пронајдете толку многу коски“, рече тој.
Реакторот број пет беше во изградба во моментот на експлозијата во 1986 година, само 70 проценти беше завршен, но напуштен по несреќата. Нил, исто така, пронајде кран во распаѓање.