Забава // Занимливости
Вила изградена за љубовницата на кралот: Најскапиот дом во Европа

Најскапата куќа во Европа се наоѓа на француската ривиера, во близина на Ница. Вилата Леополда била изградена во 1902 година за љубовницата на белгискиот крал Леополд II, Бланка Зелија Жозефин Делакро. По неговата смрт, Бланка била исфрлена, а кралскиот брат, кралот Алберт I се пресели во вилата.
Имотот се протега на речиси 8 хектари земјиште. Вилата располага со 19 спални соби, бројни спортски терени, мини кино, неколку кујни и ресторан, како и неколку базени. За време на Втората светска војна вилата беше користена како воена болница, а неколку децении подоцна како место за снимање на филмот "Фати го крадец" од Хичкок.