Вилата на Балашевиќ: Му се може, па ја има скоро најскапата
Околу 450 илјади евра, чини вилата на Ѓорѓе Балашевиќ близу Умаг, во Истра, Хрватска, во која канатвторот од Нови Сад и неговото семејство уживаат ова лето.
Сите вили во соседството се слични, со четири спални соби со одвоени бањи. Џакузито, сауната и подното греење влегуваат во основната цена од 400 илјади евра. Во средината на дворот, има базен.
Куќата на Балешевиќ има нешто повеќе од 200 квадратни метри. Се состои од голема дневна соба, четири спални, внатрешна и летна кујна. Семејството Балашевиќ се релаксира крај базенот, а во вилата има и сауна и џакузи.
Според порталот „24 сата“, Балешевиќ вилата кај Умаг ја купил преку фирмата „Балбело“, чиј директор е неговата ќерка. Најблиската плажа е оддалечена околу 6 километри. Во близина е познатиот природен парк и извор Шкралине, па Балешевиќ летово ќе ужива во прошетката низ недопренета природа.
Фото: Иван Гргат, Нел Павлетиќ