Вистинска тигрица која го сакаше парфемот за мажи на Келвин Клајн
Да се потестиме на чудната приказна која фасцинира.
По голема потера во Индија, тигрица е убиена, наводно убила 13 лица, а која не можела да одоли на машкиот парфем „Obsession“ на Калвин Клајн..
Ловот на тигрицата во западната држава Махараштра траеше околу две години, а ловците го користеа тој парфем за да ја намамат.
„Obsession“ на Келвин Клајн содржи, меѓу другото, и феромон на средновековна цибутка, животно кое наликува на мачка. Индиските власти решија да го користат парфемот за да ја намамат, откако американските научници порано го користеа истиот парфем за да ги намамат јагуарите.
Тигрицата, позната како Т-1, беше убиена во област недалеку од селото Борати. Откако била забележана од локалното население, воодружен тим се упатил со пиштоли за спиење и пушки.
Животното било погодено од куршум за заспивање, а потоа го нападнало возилото во кое се наоѓал тимот. Тогаш била убиена на растојание од околу 10 метри.
Последните жртви на тигрицата биле три лица од локалното население.