Во група на Фејсбук, милион луѓе се преправаат дека се мравки во колонијата
Ако имате вишок слободно време во изолација, ништо не ве спречува да бидете мравка во колонијата.
Дури и во онлајн светот на Фејсбук.
Името на групата на Фејсбук "A group where we all pretend to be ants in an ant colony" зборува само за себе, а преведено го кажува следново: Група каде сите се преправаме дека сме мравки во колонија на мравки.
Описот во групата ви дава подетални упатства: "Во оваа група, ние сме мравки. Ја обожаваме матицата и работиме како мравки. Добредојдовте во колонијата". Ништо од ова не може да вреди, а да не се спомене дека повеќе од милион луѓе се приклучија на групата од јуни минатата година, кои решија да бидат на едно место мравки и да споделат позитивна енергија со другите, пишува порталот 021.rs.
Луѓето објавуваат фотографии или слики од мравки со свои коментари, па еден член на оваа „колонија на мравите“ објави фотографии од мравки што комуницираат едни со други и една која беше на страна, со порака дека сакала да се дружи и да се држи за раце со своите пријатели. Скоро 12,000 членови на групата одговориле на оваа објава, велејќи дека сакаат да се држат за раце.
Друг пост со фотографија на мравки што лебдат на водата, повикувајќи да лебдат други мравки, собра скоро 30 000 коментари во кои „мравките“ напишале како лебдат на водата. Значи, ако не знаете што да направите со карантинот и изолацијата, споделувањето позитивна енергија со „мравките“ ширум светот можеби не изгледа како лоша идеја.