Во мистериозниот град никој не умрел веќе 69 години, а тоа и не е дозволено!
Освен тоа што ја носи титулата на најсеверниот населен град на светот, норвешкиот град Лонгјербијен кој се наоѓа на архипелагот Свалбард е посебен по уште еден специфична работа.
Всушност, таму
никој нема умрено веќе 69 години, бидејќи умрирањето таму е забрането со закон.
Дури и ако цел живот сте живееле таму, па ви се случи да се разболите и болеста ви е во терминална фаза, ќе мора да заминете од островот и смртта да ја дочекате на некое друго место. Ако пак, некако изненадно се случи да умрете, вашето тело ќе биде веднаш спремено и нема никако да бидете погребани на островот.
Ако мислите дека ова е навистина бизарен закон, во право сте, но зад него стои доста ваѓна причина, а тоа е заштитата на другите жители.
Во далечната 1950 година откриено е дека телата кои се погребани на градските гробишта не се распаѓаат, бидејќи земјата постојано е замрзната, а како резултат на тоа вирусите во лешевите можат да преживеат и постои огромен ризик од заразни болести.
Населението на пописот во 2015 година имало 2.144 жители, а на островот владее арктичка клима со ледени температури од 3 до 7 Целзиусови степени, а во зима температурата паѓа и до -13 Целзиусови степени.
Поларната ноќ трае 111 дена (од крајот на октомври до март владее потполен мрак).