Во Титаник, на Јелена Карлеуша навистина ќе ѝ се случеше Титаник: Колку чини нејзиното летување во луксузниот хотел кој за малку ќе изгореше од пожарот

Во Турција беснеат пожари, а зафатени се дури и монденските тамошни летувалишта. Едно од нив беше и Бодрум, каде вчера се случуваше вистинска драма и тоа токму во хотелот во кој престојува дивата Јелена Карлеуша. 

Сите гости беа евакуирани со чамци, а по долго време огинот кој дојде до самиот хотел беше локализиран. Карлеуша добро се справи со тоа имајќи во предвид дека е со нејзините ќерки и тетка ѝ. Таа постојано постираше видеа на Инстаграм од пожарот, а само неколку часа претходно го покажа елитниот хотел и сите убавини во него.


Се работи за ланецот хотели Titanic Deluxe Bodrum- Lujo во кој летуваат најголемите бизнисмени и познати лица од Турција и регионот. За десет дена, две лица и две деца ова задоволство  чини 22.000 евра. Но цените достигнуваат и до 40.000 евра, се во зависност од местоположбата на собата, апартманот, дали сакате кралски апартман и останати луксузни удобности.