Вредат милијарди евра, а ја посетија Македонија: Кои се овие богаташи?
Низ историјата, нашата земја ја посетија големи државнички имиња, познати личности од шоу бизнизот, членови на кралски семејста, бизнисмени... Но, имаше и такви кои се едни од најбогатите во светот или едноставно многу богати.
Таков беше случајот со Телекомуникацискиот магнат, мексиканецот Карлос Слим кој во периодот од 2010 година до 2014 година, беше најбогатиот човек на светот со проценета вредност од 70 милијарди долари според „Форбс“.
Тој дојде во Македонија во 2012 година за да учествува на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој формирана од Меѓународната телекомуникациска заедница и УНЕСКО, со која претседаваше токму Слим. Своето богатство го стекна во секторот на телекомуникациите, трговијата, финансиите, суровините и енергетиката. Тој е претседател и главен извршен директор на телекомуникациските компании „Телмекс“ и „Америка Мовил“ и има имот и во други компании преку својот конгломерат „Групо Карсо САБ“.
Слим купи големи удели во странски компании како што е синџирот на стоковни куќи „Сакс“ и издавачот „Њујорк тајмс“.
Допатува со приватен авион во Македонија и не сакаше да има никаков ВИП третман.
Скопје скоро и да не памети толкави мерки на обезбедување, какви што се применија за време на официјалната посета на Македонија во 2011 година на Eмирот од Катар, шеик Хамад бин Калифа ал Тани.
Овој крал од малата, но богата земја од Блискиот Исток го искористи за прошетка низ старата скопска чаршија. Беше на молитва во Мустафа пашината џамија и на скара во Дестан.
Допатува придружуван од 100 дворјани, а авионот со кој дојде беше опишан како „летечки замок“. Овој авион бил придружуван од други два авиона со персонал.
Инаку, тој беше владетел Емир на Катар од 1995 до 2013 година. А потоа му ја предаде власта на неговиот четврти син Тамим бин Хамад Ал Тани.
Неговото богатство според Форбс се проценува на 2 милијарди долари
Субрата Рој, индискиот тајкун кој ја посети земјава во 2013 година. Тој овде имаше пречек како на крал, со сите удобности, концерти и беседи во негова чест.
Според Форбс, во 2014 година неговото богатство беше проценето на 11 милијарди долари, најмногу создадени од неговата компанија Sahara India Pariwar која се занимава со интереси за финансиски услуги, образование, угостителство и имот. Потоа неговата имерија се разниша и тој беше заплеткан во судски и правни лавиринти, па некогашниот сопственик на еден од најубавите хотели на светот, хотелот Плаза во Њујорк, беше затворен на две години за непочитување на судот.
Фото: Youtube- принтскринР.М.М