ЗА ТАЈНИОТ ГРАД ВО ЈУГОСЛАВИЈА ЗНАЕЛЕ САМО 5 ЛУЃЕ, ПО ВОЈНАТА СЀ Е ОДНЕСЕНО: Го граделе затвореници ноќе, а користен е само еднаш

Тајниот подземен град „Stone Girl (Камена девојка)“ е изграден во строга тајност, а точната намена и план за користење остануваат непознати до ден-денес.

Таен подземен град наречен „Камена девојка“, чија изградба ја наредил кралот Александар Караѓорѓевиќ во 1931 година. Се наоѓа во Мали Зворник, а за неговото постоење тогаш знаеле само пет лица. Подземниот лавиринт бил ископан и бетониран од затвореници, кои работеле ноќе, па не знаеле каде се и што градат. Точната намена и планот на користење остануваат непознати до денес, бидејќи документите за овој таен проект се уште не се откриени.

Подземниот град долго време беше затворен за јавноста, а откако неговите врати беа отворени за туристи во 2011 година, повеќе од 20.000 луѓе го посетија. За целосна реконструкција на тајниот град, од кој по војната е земено речиси се‘, потребни се многу пари, а дел од средствата ќе ги обезбеди Министерството за туризам во Србија.

Изграден во тајност и со намера да биде командно место за време на војната на кралот Александар Први Караѓорѓевиќ, Подземниот град со години чека на реконструкција.

„Ова е една од најзначајните објекти на територијата на општина Мали Зворник, токму затоа што ова е единствениот објект од ваков вид што кралското семејство Караѓорѓевиќ го изградило на територијата на поранешното Кралство Југославија“, изјави Воислав Стаменковиќ од Кабинетот на претседателот на општина Мали Зворник.

Тајниот град се наоѓа на рид во близина на пешачкиот мост кој ги поврзува двата брега на Дрина. Го изградиле затвореници, кои ги носеле ноќе со врзани очи, за да не се сеќаваат на локацијата.

Подземниот град се простира на површина од околу 5.000 метри квадратни, во која има околу илјада и пол метри ходници и околу 70 соби, а во него требало да се сместат меѓу три и пет илјади луѓе.

„Камената девојка“ била користена само еднаш. Во неа кралот Петар Втори Караѓорѓевиќ ги поминал последните денови во Србија пред да замине во егзил.

Дури во 2013 година општина Мали Зворник успеала да го пренесе „Камениот град“ во своја сопственост. Со скромен буџет го направија осветлувањето, а во наредниот период ќе направат и проект за реконструкција кој ќе го финансира Министерството за туризам.


Фото и Видео: Youtube