За ваши пари, никој не треба да ве лаже: Подметнувања и итри трикови: Како нѐ мамат за да трошиме повеќе пари?
Денес, клиентите внимателно ги следи армијата од маркетиншки стручни лица на пазарот, кои ги анализираат нивните навики за купување за да развијат пософистицирани и уште по итри техники на продажба.
И кај нас е тоа така. Нашата земја се уште никако да влезе во Европа, каде регулативите и законите за овие нешта се строго дефинирани. Не дека и таму не постојат многу вешти продажни трикови, но сето тоа е со „усул“ направено.
Реномраниот „Bright Side„ неодамна претстави список со најмудри замки на луѓето од продажниот сектор кои не „тераат“ да трошиме пари и на она што ни треба и на она што не ни треба.
1. Реклами кои прават погрешен впечаток
За да покажат колку се свежи нивните производи и да ги направат повеќе сочни и привлечни, фотографите ги прскаат со вода. Оваа техника исто така успешно се користи од продавачи на овошје и зеленчук.
2. Слогани против рекламирање
„Жал ни е, но не можеме да ви го продадеме ова“, е пораката што се чита меѓу редови на некои слогани на „Фолксваген“. Дали ваквиот пристап спречил некој да го купи својот автомобил? Напротив: поголемо внимание значи поголема продажба!
3. Преценување
На овој мудар трик скоро секој наседнува, и еве како работи: прво се прикажува најскапиот производ, а оној со најниска цена на крајот. Иако се чини поповолен од другите, неговата цена е сепак превисока. Ваквите тактики успешно се користат во рестораните. Минералната вода од истиот производител има различна цена во супермаркетот, во кафеаната на железничката станица и во ресторанот. Луѓето имаат тенденција да им веруваат на рестораните кога станува збор за квалитетот, така што цените се до два до три пати повисоки. Во овој пример, продавачот нуди автомобили со различни вредности за иста месечна рата, што го наведува купувачот да праша: Зошто треба да купам поевтин автомобил ако нема разлика?
4. Цена мамка
Скапотијата е релативна. Цената мамка функционира така што цените на други производи покрај неа делуваат поволно, наведувајќи го клиентот да ја донесе „вистинска“ одлука.
5. Лажни попусти
Во продавниците често можеме да видиме етикети со пречкртани и нови цени, отпечатени со големи броеви. Малкумина знаат дека ваквите намалувања се главно лажни. Продавниците едноставно ја надувуваат старата цена за 20 отсто, надевајќи се дека никој не ја запамтил оригиналната цена на производот. Друг пример на лажни попусти се таканаречените „специјални понуди“, во кои, на пример, кафето и тортата се нудат по разумно прифатлива цена, каде што збирот на индивидуалната цена на едната и на другата всушност одговара на таа цена. Во крајна линија е дека „специјалната понуда“ ја сфаќаме несвесно како поволна.
6. Намалување на пакувањето
Производителите на познати брендови и продавниците за самопослужување често го користат овој трик за да обезбедат стабилен профит без да ја подигнат цената.
7. Гринов ефект
Првиот целосно затворен трговски центар беше дизајниран од австрискиот архитект Виктор Грин. Пред тоа, трговските центри се состоеја од посебни еднокатни згради, меѓусебно поврзани со патеки. Архитектот собра неколку продавници под еден покрив, создавајќи лавиринт-супермаркет. Концептот на Грин значи целосно заштитен свет кој е секогаш топол, добро осветлен и удобен. Тоа е место без прозорци и часовници. Денес, скоро сите трговски центри се прават на овој начин. Во такво опкружување, луѓето влегуваат во состојба на дезориентација и мал транс, заборавајќи зошто тие всушност дошле. Додека шетаме низ огромниот трговски центар, ја губиме можноста да размислуваме. Како последица на тоа, имаме тенденција импулсивно да купуваме работи и да трошиме повеќе пари отколку што планиравме.
8. Голема количка
Кога клиентите користат колички, наместо корпи, тие имаат тенденција да трошат до 40 проценти повеќе пари. Персоналот на супермаркетите намерно става најважен материјал (леб и млеко) што е можно подалеку. На овој начин, тие можат да бидат сигурни дека клиентите, исто така, ќе стават во количката неколку дополнителни (и не баш неопходни) производи. Во многу продавници за самопослужување, ходниците ги насочуваат клиентите во спротивна насока на движење на рачниот часовник, што исто така ги принудува да прават непланирани купувања.
9. Антропоморфизам
Се работи за нашата склоност да инвестираме во работи и суштества со човечки црти. Ова вклучува да се расправаме со компјутери ако не работат правилно и разговарање со животни како да се луѓе.
Кога компаниите користат маскоти со животни како дел од нивната промоција на брендот или во дизајнот на амбалажата, потрошувачите развиваат симпатија за тој карактер, а со тоа и за производот. Антропоморфизмот ја зајакнува довербата на потрошувачите во компанијата и нејзините производи, што доведува до зголемена продажба.
10. Итро распоредување на производи
Во секој супермаркет, горните полици се резервирани за помалку познати брендови. Полиците со средна големина имаат популарни, честопати рекламирани брендови, додека на најниските полици има производи од непознати компании и детски производи. Изнајмувањето „златни полици“ е скапо за компаниите, што секако влијае на цената на нивните производи. Ако не сакате да се фатите за оваа мамка, секогаш следете го едноставното правило: споредете ја цената и квалитетот со производите на горните и долните полици пред да се одлучите за производ со средената полица.