Заборавената балканска земја станува сѐ поголем хит: „Стан од 100 квадрати е само 200 евра“

Иако и недостигаат најблиските од Италија, Ана не жали за одлуката да се пресели.

Додека земјите како Германија, Ирска и Швајцарија долго време се популарни меѓу оние кои бараат подобри услови за работа и живот, се повеќе странци ги откриваат шармите на Албанија, една од скриените дестинации во Европа. Ана, Италијанка која се преселила во Албанија, го споделила своето искуство од живеењето во Драч за порталот Expat.com и објаснила зошто ја избрала оваа земја за нов дом.

Ана, нејзиниот сопруг и синот првпат го посетија Драч во ноември 2021 година. Веќе на тој краток одмор, албанскиот град ги шармираше со помали животни трошоци и подобар квалитет на живот во споредба со Италија. 

„Пониските трошоци и генерално подобрите услови за живот“, објаснува Ана, биле одлучувачки фактор во нивната одлука да се преселат. На овој потег се одлучиле на крајот на декември, набргу откако ги истражувале можностите за вработување и трошоците за живот во Албанија. Ана ја загуби административната работа во Италија во 2015 година, а подоцна работеше само привремено, вклучително и работа во дом за стари лица. 

„И покрај моите напори, не можев да најдам постојано вработување“, признава таа. Нејзиниот сопруг, ИТ претприемач, ја поддржа идејата да се пресели, а Албанија изгледаше како добра можност поради пониските трошоци за живот. Во одлуката дополнително им помогнаа благата клима, природните убавини и атрактивната положба покрај морето на Драч.


Стан од 200 евра

Ана веќе за една недела нашла работа во албанска компанија која соработува со Италија, што и го олеснило започнувањето благодарение на познавањето на италијанскиот јазик. Таа во својата работа користи италијански јазик, но реши да научи и албански и англиски јазик. Нејзиниот работен ден трае од 8 до 16 часот и 30 минути, со пауза за ручек, што и дава доволно време за семејството и активностите после работа. „Уживаме во секојдневните прошетки низ градот и плажата, а во лето истражуваме други делови на Албанија“, вели тaa.

Финансиски, Албанија, тврди Ана, е и атрактивна. На пример, киријата на стан од 100 квадрати во Драч е од 200 до 350 евра, додека во Италија истиот простор би бил најмалку двојно поскап. Месечните трошоци за струја и вода се движат од 80 до 100 евра, додека свежата храна е подостапна и поевтина отколку во Италија.

Иако и недостигаат најблиските од Италија, Ана не жали за одлуката да се пресели. Тaa смета дека Драч е идеално место за пензионери кои и со помали примања можат да уживаат во квалитетен живот. „Платите овде генерално не се високи“, забележува тaa, „но оние што започнуваат сопствен бизнис или работат со меѓународни клиенти можат да заработат солиден приход“.



Foto: Pexels