Заборавете на Путин: Од оваа политичарка ќе ви паднат вилиците- Најавува војна на „машките политички проститутки“
Александра Клитина е позната по минатогодишниот скандалозен отказ, а поранешната заменик министерка за инфраструктура на Украина
сега го најави своето враќање.
Сепак, оваа 37-годишна поранешна владина претставничка ја засени својата кампања со својот изглед!
Таа на „Јутјуб“ најави формирање на партија што ќе се нарече „Украина против корупцијата“.
„Решив да се борам за вистината, затоа што овие идиоти во панталони се бескорисни“ – го започнува своето обраќање.
"Тие мислат дека ако имаат нешто во пантолоните, доволно е да бидат успешни и дека можат да малтретираат жени. Но, жените се сто пати попаметни и сто пати поискрени од вас", рече Клитина.
Според коментарите под видеото, може да се види дека нејзината порака не стигнала до луѓето, туку нејзиниот изглед. Многумина рекоа дека не разбираат ниту еден збор од она што таа го рече, затоа што сликата целосно ги одвлекува вниманието.
Таа се осврна и на нејзиното разрешување од позицијата заменик министер за инфраструктура во ноември минатата година.
Тврди дека нејзиниот шеф, Владислав Крикли, ја прогонува само затоа што спречила кражба во министерството.
На нејзиното разрешување му претходеа две снимки што протекоа до украинските медиуми. Во првата, беа снимени пратениците на владејачката партија на претседателот Владимир Зеленски, коментирајќи дека Клитина ја достигна својата висока позиција преку спалната соба. Во друг инцидент, таа беше жртва на шегаџија кој ја снимаше со скриена камера, тврдејќи дека нејзиниот шеф е корумпиран и дека ќе стане многу подобра министерка за инфраструктура од него, пренесува РТС.