Заборавете на сè што знаете за цигарите, открија дека една од основните состојки е лекот за коронавирусот?
Француските научници планираат да ги тестираат никотинските лепенки на пациенти кои имаат коронавирус и здравствени работници на „првите борбени линии“, по фактите од една студија пто тврдат дека пушачите може да бидат многу помалку изложени на ризик од заразување со вирусот.
Студијата од една голема париска болница сугерира дека супстанциите во тутунот - евентуално никотин - потенцијално би можеле да ги спречат пациентите кои пушат да добијат Ковид-19, пишува „Гардијан“.
Клиничките испитувања на никотинските лепенки се во очекување на одобрување од француските здравствени власти. Научниците, сепак, инсистираа на тоа дека тие не ја охрабруваат популацијата да пуши, што носи други потенцијално фатални ризици по здравјето и убива 50 проценти од пушачите.
Иако никотинот можеби може да ги заштити од вирусот оние кои го консумираат, пушачите кои се заразуваат често развиваат посериозни симптоми заради токсичните ефекти на чадот од тутунот во нивните бели дробови, велат тие.
Тимот во болницата „Пити-Салпериер“ испитал 480 пациенти кои биле позитивни на вирусот, од кои 350 се хоспитализирани, а останатите со помалку тешки симптоми се пуштени дома. Од оние што се примени во болницата, чија просечна возраст е 65 години, само 4,4 проценти се покажа дека се пушачи. Од пуштените дома, со просечна возраст од 44 години, пушеле 5,3 проценти.