Закопаното богатство кое вреди над 20 милијарди долари, на дофат да биде ископано

Тим ловци на богатство би можел да биде на работ да го откопа „најголемото складиште на богатство во светот“, за кое се вели дека вреди над 20 милијарди долари.

Тимот, познат како „Дванаесетте храмови“, од 1987 година трагаше во Финска по „Лемминкаинен Хорд“, кое се состои од злато, накит и артефакти.

Ако се открие складиштето, се мисли дека тоа ќе биде највредното нешто некогаш пронајдено.

Групата беше во потрага по богатството, работејќи по шест часа, седум дена во неделата.

Се смета дека огромното складиште вклучува околу 50.000 скапоцени камења, вклучувајќи рубини, сафири, смарагди и дијаманти.

Се смета и дека околу 1.000 артефакти кои датираат од пред илјадници години се дел од складиштето заедно со голем број статуи од 18-каратно злато во природна големина. За ова сведочат огромен број на записи познати на групата, но и на финската влада.

Членовите на групата патувале од целиот свет, вклучувајќи ги Русија, Австралија, САД, Шведска, Норвешка, Германија и Холандија, за да се приклучат во ловот.

Водечкиот светски авторитет за Леминкаинен Хорд, Карл Борген, ги опишал животите на ловците и богатството во својата книга „Привремено луд“.

Борген (60) изјави за Мирор: „Разбирам дека е постигнат значителен напредок и дека екипажот се чувствува особено возбуден за месеците што следат“.

„Сега во таборот се зборува дека се наоѓаме на работ на голем пробив, што во реална смисла би можело да биде откривање на најголемото и највредното богатство на светот“.

Постоењето на богатството било признаено во 1984 година кога земјопоседникот Јор Бок тврдел дека неговото семејство биле директни потомци на Леминкаинен, кои се појавуваат во финската паганска митологија.

Бок тврдеше дека комората на неговиот имот била запечатена со камени плочи во 10 век за да се заштити богатството од напаѓачите.

Бок, кој беше квадриплегичар по прободувањето со нож во јуни 1999 година, беше убиен од неговите поранешни помошници во 2010 година, но потрагата по богатството продолжи и по неговата смрт.

Роден во 1942 година, Бок беше нешто како ексцентрична фигура и се гледаше како „мистик“ и работеше како туристички водич на островската тврдина Суоменлина.

Тој тврдеше дека потекнува од семејна линија која се враќа во античките пагански времиња што е прикажана во сагите на Бок.

Се смета дека складиштето е скриено некаде во системот на пештерите Сибосберг, 20 милји источно од главниот град на Финска, Хелсинки.

Се верува дека скривалиштето се наоѓа во подземен храм во Сипу.

Внатре во храмот, треба да има спирален ходник со мали соби надвор од него, каде што се чуваат артефактите, собрани со генерации.

Последниот пат кога збирката била надополнета е во 987 година од нашата ера, кога салата била исполнета, а влезот бил запечатен и скриен.

Безброј официјални истражувања кои се обидуваат да го пронајдат богатството се случија во текот на три децении и во кои беа вклучени повеќе од 100 професионални трагачи од целиот свет.

Се верува дека групата е на само неколку метри од откопувањето на богатството и дека следното лето би можело да биде време кога ќе биде откриено. Се работи за терен кој има екстремно цврсти карпи и пробивањето оди споро. А овој период па се до мај е многу тешко да се работи поради вонредните метеролошки услови.

Првичната група која започна со ископување во 1987 година се состоеше од 24 лица, 12 мажи и 12 жени, иако останаа само двајца од тој тим.

„Дванаесетте храмови“ се очекува да се вратат на локацијата во мај следната година и да продолжат со работа таму во септември.

Извор: New York Post