Затворот каде крадците и убијците се како во хотел: Подобри услови од студентските домови
Норвешкиот затвор е како одмор за затворениците, тие таму наоѓаат пријатели, прават керамика или играат компјутерски игри ...
Норвешкиот затвор во Халден има околу 250 затвореници. Скоро половина направиле насилни злосторства, како што се убиство или напад. Останатите се осудени за продажба или шверц на дрога. Но, за да ги вратат во општеството како нови луѓе, Норвежаните смислиле сосема поинаков концепт за затвор.
Тие веруваат дека одмаздата не функционира добро и дека рехабилитацијата е клучна за градење на нова скала на морални вредности. Поради својот изглед и содржина, Халден се смета и за најхуман затвор во светот. Тој е изграден среде шума, а во внатрешноста на sидовите има дрвја, нерамни површини, и места во дворот кадешто растат шумски плодови.
Келиите имаат кревет, мал фрижидер, полица за книги, телевизор, биро и приватна бања со туш и мијалник. Затворениците имаат и самопослуга наречена „Јустисен“ (правда) во која затворениците можат да купат се што им треба за да готват, без разлика дали сакаат сами да јадат нешто или да им оддадат чест на своите „колеги“.
Исто така има и добро опремено музичко студио, чие англиско име звучи одлично (Криминални записи), како и градина, молитвена просторија, сала, библиотека, просторија со компјутери, дневна соба за посетители и друго. Во затворот, затворениците можат да добијат соодветно образование додека ја издржуваат казната, а во слободното време играат компјутерски игри со чуварите, вежбаат јога, свират на гитара, или вежбаат изработка на керамика.
Во текот на денот, чуварите често се дружат со затворениците, без разлика дали со кафе и колачи или пак играат одбојка. Во многу области нема камери за надзор и затворениците се слободни да се ослободат до одреден степен.