Завиткан со превезот на мистеријата: Планински врв на кој е забрането качување
Мачапучаре (Machapuchare), што во превод значи „опашка на риба“, е позната планина од 6.993 метри во централниот непалски ланец Анапурна, која содржи три од 10-те највисоки врвови во светот.
Сепак, таа е посебна бидејќи е една од планините на чиј врв е забрането качување. Во земја како Непал, ова е вистинска реткост, особено ако имаме предвид дека станува збор за земја во која планинарењето е многу популарно - дури и Монт Еверест се наоѓа таму.
Забраната за искачување на Мачапучар може да се припише само на еден човек - потполковник Џејмс Овен Марион Робертс (1916-1997).
Робертс, беше славен британски војник кој многу придонесе за планинарење на Непал и Хималаите. Тој работел како аташе во Непал во 1958 година и ја искористи својата позиција да го популаризира спортот на качување во тие области, со што придонесе за развој на економијата.
Робертс, всушност, ја организираше првата официјална експедиција на врвот Мачапучаре. Сепак, логистиката потфрли некаде близу врвот, а групата што започна да се искачува мораше да се откаже.
Еден од членовите, чие презиме беше Нојс, дојде на само 45 метри од врвот, но и тој мораше да се откаже.
По експедицијата, Робертс испратил прилично необично барање до непалската влада, за забрана за искачување на врвот Мачапучуре. Сè уште не е познато како тој успеал да ги убеди во ова, како и зошто го побарал тоа, но неговото барање било прифатено.
Таа забрана важи и денес, создавајќи превез на мистерија околу овој врв.
извор:zdm.me