Земјата која коронавирусот не ја допре: Сиромашна и без медицински капацитет

Науру, во Тихиот океан, се наоѓа на речиси 320 километри од кое било друго место - најблиското копно е островот Банаба, составен дел на Кирибати. Најблискиот најголем град со директни летови е Бризбејн, 4.000 километри југо-запад.

Таа е втора најмала земја членка на ООН во однос на областа (по Монако) и, со нешто повеќе од 10,000 жители, втора најмала земја во однос на населението (по Тувалу).

Исто така, таа е една од најмалку посетените земји во светот. Иако бројката не се наоѓа во најновата статистика на ООН, еден туристички водич вели дека земјата има само 160 туристи годишно.

Вие би помислиле дека таквото зафрлено место не треба да се дистанцира дополнително. Но, земја со една болница, без респиратори и недостаток на медицински сестри, не смее да си дозволи да преземе ризици.

Во средината на март, „Науро ерлајнс“ ги откажа летовите кон Фиџи, Кирибати и островите Маршал, а единствената друга преостаната дестинација - Бризбејн - беше намалена од три пати неделно на еднаш на секои две недели.

После тоа, сите што пристигнуваат од Австралија (претежно државјани кои се враќаат) беа сместени во 14-дневен карантин во локалните хотели

Оваа политика, вели претседателот Лионел Аингиме, се нарекува „фати и изолирај“.

„Ние сè задржуваме на границата“, вели тој. „Ние го користиме аеродромот како граница и нашите транзитни капацитети како дел од нашата граница“.

За оние кои биле во карантин, симптомите се проверувале секој ден. Кога некој добил температура, тој дополнително бил изолиран и тестиран на Ковид-19. Тестовите беа испратени во Австралија, но сите се вратија негативни.

Иако доживуваат криза, обичните Науруанци се „мирни и собрани“, рече претседателот. Што се однесува до самиот тој, тој е благодарен на другите земји за нивната помош - особено Австралија и Тајван, со кои Науру разви одлични односи.

„Кога почнавме да ја применуваме оваа политика на фаќање и изолација, се молев на Бога и тој ми истакна дел од Библијата што многу сериозно го сфатив, а тоа е Псалм 147, стихови 13 и 14. ми беше многу корисен додека одиме низ - како што вели Библијата - оваа долина на смртта “.

И додека се обидува да го задржи на нула бројот на заразени со „Ковид-19“ во Науру, тој знае дека остатокот од светот не е толку среќен.

„Секој пат кога ќе ја погледнеме мапата на Ковид-19, изгледа дека светот е заразен со сипаници - насекаде има црвени точки“, вели тој.

„И затоа ние, како земја, се обидуваме да им помогнеме на другите земји што минуваат низ овие тешки времиња“.

Владата стравува дека осиромашениот Науру нема да може да се справи со можната епидемија

Науру не е единствената мала пацифичка држава што прогласи вонредна состојба во земјата - истото го сториле и Кирибати, Тонга, Вануату и други.

Мал број на земји со копнена граница, исто така, досега беа поштедени случаи на коронавирус.

Науру нема никаков болнички капацитет ако таму избувне пандемијата, па сите стравуваат ако тоа се случи.