Зошто авионите се баш во бела боја?

Тоа е една од оние работи за кои не размислуваме, за нешто што е токму тоа. Сепак, постои причина зошто авионите се бели.

Изборот на боја на авион е логичен. Имено, за Bussines Insider, професор на МИТ за аеродинамика и астронаутика Џон Хенсман рече дека авионите биле обоени бели за да ја рефлектираат сончевата светлина и да го минимизираат затоплувањето, како и потенцијалните штети.

„Им помага на авиокомпаниите да ги намалат трошоците за ладење на кабината, но во исто време служи за заштита на одредени делови од авионите кои се подложни на оштетување од прегревање“, додаде тој.

Хенсман објаснува дека „клунот“ на авионот специјално бара температурна предност затоа што е направен главно од композитен материјал (обично пластичен). Овој дел не може да биде изработен од метал, како трупот на авионот, бидејќи носи радар и мора да биде од материјал што ќе испушти сигнал за уредот да работи добро.

Покрај тоа, една студија објавена во 2011 година во списанието „Human-Wildlife Interactions“ покажа дека белата боја на авионот ги одвраќа птиците затоа што светлот труп може да се види подобро од небото од птичја перспектива. Според Њујорк Дејли њуз (NY Daily News), птиците кои се судираат со авионите, прават штети од околу 600 милиони долари секоја година.