Зошто богатите луѓе не се среќни? Кралот на Инстаграм ќе ви објасни

Сигурно сте слушнале 1000 примери и приказни за богати луѓе кои навидум имаат се', а кои се депресивни, деновите ги поминуваат консумирајќи алкохол, едноставно не се задоволни со својот живот.

Ние обичните смртници можеме само да се запрашаме „како е тоа можно и како луѓето кои имаат се' што ќе посакаат во животот можат да бидат несреќни?“

Психолозите сметаат дека проблемот се наоѓа во незадоволството и депресијата кај богатите луѓе. Човекот е суштество кои има за цел да се усовршува и да напредува. Во текот на нашите животи, отсекогаш сме се труделе да достигнеме нешто, што изгледа недостижно и тешко и кога ќе ја исполниме таа цел, тогаш чувствуваме среќа, која длабоко се врежува во нашиот мозок.

Богатите луѓе го немаат тоа. Токму поради причината што можат да имаат се’, тие немаат за што да се радуваат во иднина и тој факт на некои од нив може да влијае негативно и нивната психа да ја направи слаба.

Ден Билзеријан, кралот на Инстагра, плејбојот и еден од најбогатите луѓе на светот, го објаснува тоа на овој начин:

„Слаткото никогаш не е слатко, ако претходно не сте пробале нешто горко. Парите може да ви купат задоволство, но не и вистинска среќа. Секогаш се стремиме да купиме и да добиеме нешто подобро од претходното што сме го имале и тоа не прави задоволни и моментално среќни. Ако возевте „BMW“ и после купувате „Ferari“, ќе бидете неверојатно среќни, но ако после тоа од „Ferari“ седнете пак во „BMW“, нема да бидете многу импресионирани. Тоа ми се случува мене, но и на многу богати луѓе во светот. Проблемот кај поседувањето огромни количини на пари е тоа што на крајот сте ги пробале сите најдобри и најскапи работи и тие веќе не можат да ви пружат толкаво задоволство, тука се прекинува среќата. Кога ќе отидам во најдобриот ресторан на светот, не сум претерано среќен, бидејќи на такви места сум бил милион пати и знам дека нема да добијам повеќе од тоа. Ваквите работи се вистинската причина заради која богатите луѓе често изјавуваат дека не се среќни, но во исто време се и јасни показатели дека ПАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА КУПАТ СРЕЌА.“ – изјави најпопуларниот маж на Инстаграм.

Па, ако сте некој кој не е претерано богат и ако, како поголемиот дел од нас, се стремите кон подобри и поубави работи, тогаш бидете среќни поради тоа, бидејќи токму тој копнеж и желба за тие работи ќе му дадат смисла на вашиот живот.